За здрави непца и здрави заби
Производител: БОРОЛА ООД
Што претставува Инсадент?
Што содржи Инсадент?
Инсадент содржи 30 mg стандардизиран екстракт од пченка и 200µg фолна киселина ( во вид на птероилмоноглутаминска киселина).
Кога се употребува Инсадент?
Инсадент е погоден при проблеми со непцата, за отстранување на лошиот мирис од устата, ксеростомија (сува уста) од медикаментозно потекло.
Како делува Инсадент?
Покажува позитивен ефект врз структурата и функцијата на непцата, помага да се инхибира ресорпцијата на алвеоларната коска преку стимулација на активноста на остеоцитите, покажува позитивен ефект при лош здив, ја зголемува продукцијата на плунка и го намалува нејзиниот вискозитет.
Како се употребува Инсадент?
По 1 течна капсула 2 пати дневно.
Кои се предности на Инсадент?
Двојна комбинација од состојки со позитивен ефект при проблeми со непцата, иновативна форма- Solucaps (течни капсули), која овозможува целосна и брза апсорпција,научно разработен продукт со максимална чистота, висок квалитет и безбеден во согласност со барањата на меѓународните стандарди ISO 9001:2015 и системот за анализа на опасности и контрола на критичните точки (НАССР); не содржи вештачки ароми и конзерванси, погоден за долготрајна употреба.
Како се чува Инсадент?
На суво, недостапно место за деца, на температура под 25˚С.
Дополнителни информации:
- Не ја надминувајте препорачаната дневна доза
- Да не се користи како замена за разновидна исхрана