Insadent
Insadent- за здрави заби и гингиви.
Insadent solucaps
Што претставува Insadent ?
Се употребувапри воспаление на гингивите и пародонтот (гингивит и пародонтоза); за отстранување на лош здив од устата и при секундарна ксеростомија (сувост во устата) од медикаментозно потекло.
Состав:
Висококвалитетен стандардизиран екстракт од десапонифицирана фракција на Zea Mays (пченкарна коса ) 30mg и фолна киселина 200 mcg. Активните состојки на Zea mays претставуваат природна смеса од фитостероли 60-70%,антиоксианси од кои 10-20% се токофероли, хидрокарбонати 5-8%. Процесот на стандардизација гарантира чистота и ефективност на секоја капсула.
Зошто Insadent е толку посебен ?
Insadent solucaps се разликува од другите препарати по количеството на состојките, фармацевтската форма и технологијата на производство. Активните состојки се наоѓаат во поефективна масно-растворлива форма. Solucaps (течни капсули) е трговска марка на фирмата БОРОЛА. Таа форма дозволува брзо и целосно усвојување на активните состојки и осигурува по моќно дејство.
Дозирање:
При гингивит и пародонтоза Insadent solucaps се зема по 1 течна капсула 2 пати дневно во период од 3 месеци.Ако има потреба земањето може да продолжи уште 3 месеци, а за другите состојби производот се зема од 1 до 2 капсули дневно. Insadent solucaps треба да се зема непосредно пред јадење. Следете ги упатствата на вашиот стоматолог.
Предупредување: Да не се надминува препорачаната дневна доза.
Не смее да се користи како замена за разновидна исхрана.
Чување: На суво место, недостапно за деца, на температура под 25 ° С.
Оценки
Се уште нема оценки.