Капсули
За коскениот систем
Што претставува Osteobor Forte?
Osteobor Forte е рационална комбинација од природни производи, кои обезбедуваат добра здравствена состојба на коскениот систем.
Состав
Калциум, иприфлавон, метилсулфонилметан, аскорбинска киселина, витамин D3, магнезиум, L-лизин, екстракт од Equisetaceae, цинк и пиридоксин. Тие меѓусебно се надополнуваат и го засилуваат ефектот.
Која е улогата на одделните состојки?
Osteobor Forte содржи формула на калциум која лесно се апсорбира. Метилсулфонилметан (МСМ) е важен за формирањето на колагенот и за одржување на коските, зглобовите, лигаментите и тетивите здрави.Ја ублажува болката и го намалува воспалението на зглобовите. Витамин D3 ја зголемува апсорпцијата на калциум и доведува до зголемување на густината и цврстината на коските. Аскорбинската киселина е потребна за синтеза на коскеното ткиво како на пр. колаген. L-лизин е незаменлива аминокиселина која ја засилува апсорбцијата и го намалува излачувањето на калциумот. Помага за создавање на колагенот и обновување на ткивата. Екстрактот од Equisetaceae содржи големо количество силициум, кој помага во обновувањето на сврзното ткиво. Заедно со магнезиумот, цинкот и пиридоксинот се потребни за правилно искористување на калциумот..
Дозирање:
За намалување на ризикот од остеопороза се земаат по 1-2 капсули дневно за време на оброк. Дневната доза кај докажана остеопороза поради менопауза е 2 капсули, при сенилна остеопороза – 1 капсула, а при стероидиндуцирана – 2 капсули.
Чување: Да се чува на суво, ладно и темно место и на места недостапни за деца на температура под 25˚С.
Предупредување: Да не се надминува препорачаната дневна доза.
Не смее да се користи како замена за разновидна исхрана.
Osteobor® е заштитен знак на фирмата БОРОЛА. Продуктот е произведен во САД во согласност со највисоките барања на Добрата производна пракса. Osteobor Forte е додаток во исхраната.
За консултации може да се јавите на тел.047/229-362 ; e-mail: macedonia@borola.com ; www.borola.com
Оценки
Се уште нема оценки.