ОКСИБОР® Форте
Tаблети
Моќна комбинација на антиоксиданси
Состав (во 1 таблета)
проантоцианидин 20 mg,
коензим Q 10 10 mg,
селен 25 μg,
бета каротин 5 mg,
α-токоферол 10 mg,
аскорбинова киселина 80 mg,
бакар 1 mg,
цинк 7.5 mg,
магнезиум 45 mg,
манган 1.5 mg
Намена
Oxybor® Forte претставувамоќна комбинација на антиоксиданси со тоа го штити телото од ефектите на слободните радикали.
Дејство
Oxybor forte е моќна комбинација од антиоксиданси, обезбедува целосна заштита на организмот против слободните радикали.
Проантоцианидин е најмоќниот познат на човештвото антиоксиданс – 50 пати поактивен од α-токоферол и 20 пати помоќен од аскорбинската киселина. Тој ја подобрува менталната способност и е единствениот антиоксиданс кој преминува низ крвно-мозочната бариера.
Коензимот Q10 е важен фактор за правилно функционирање и енергетско обезбедување на сите органи и системи во организмот, кој особено има благопријатно влијание врз васкуларните функции и циркулацијата.
Селен, во комбинација со α-токоферол, пројавува изразено антиоксидантно дејство, активно учествува во клеточните метаболни процеси и има значење за нормален раст и репродуктивните способности.
Бета каротен го штити организмот од штетното влијание на слободните радикали, со што го забавува процесот на стареење.
Α-токоферолот ги штити клетките од штетното влијание на слободните радикали.
Аскорбинската киселина Помага во процесите на регенерација на ткивото , синтезата на колагенот и го стимулира имунолошкиот систем. Го намалува заморот и ги штити клетките од оксидативен стрес.
Цинк, бакар, магнезиум и манган се основни биометали вклучени активно во функциите на организмот. Како биокатализатори, тие се неопходни за нормално функционирање на многу ензимски системи. Го засилуваат дејството на антиоксидансите.
Цинкот учествува во синтезата на аминокиселините, формирањето на колагенот, нормално одвивање на метаболизмот на витаминот А.
Бакарот има значење за заштита на клетките од слободните радикали, за оксидација на железото и минерализација на коските и придонесува за нормален транспорт на железото во организмот.
Магнезиумот е неопходен за апсорпцијата на калциум. Учествува во јаглехидратниот и липидниот метаболизам, мускулната контракција, невротрансмисија.
Манганот игра улогата на ко-фактор во метаболизмот на липидите, протеините и јаглехидратите.
Дозирање
1 таблета дневно, после јадење.
Предупредување: Да не се надминува препорачаната дневна доза.
Не смее да се користи како замена за разновидна исхрана.
Чување: На суво место, недостапно за деца, на температура под 25 ° С.
Oxybor® е трговска марка на фирмата БОРОЛА. Производот е произведен во согласност со барањата на Добрата производна пракса.
За консултации може да се јавите на тел.047/229-362 ; e-mail: macedonia@borola.com ; www.borola.com
Оценки
Се уште нема оценки.